logo
logo
logo

Венс „оптимист“ за мир

Vecer | 18.04.2025

Венс „оптимист“ за мир

Повеќе измешани пораки доаѓаат од САД, а Џеј-Ди Венс сега вели дека е „оптимист“ дека може да се постигне мир во Украина, само неколку часа откако Марко Рубио рече дека Вашингтон е подготвен да ги напушти разговорите поради недостиг на напредок, јави Скај Њуз.

Американскиот потпретседател ова го изјави на средба со италијанската премиерка Џорџа Мелони во Рим.

- Со оглед на тоа што има преговори, нема да ги прејудицирам, но се чувствуваме оптимисти дека можеме да се надеваме дека оваа војна, оваа многу брутална војна, ќе заврши, им рече тој на новинарите што седеа покрај Мелони.

Трамп вчера рече дека чувствува дека прекинот на огнот е „блиску“ и дека Москва треба да му одговори во врска со неодамнешниот предлог, но Рубио утринава се закани дека „ќе продолжи понатаму“ доколку не се постигне итен напредок. 

Фото: ЕПА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk