logo
logo
logo

Девет лица загинаа во инцидентот на уличниот фестивал во канадскиот град Ванкувер

Vecer | 27.04.2025

Девет лица загинаа во инцидентот на уличниот фестивал во канадскиот град Ванкувер

Претходно денеска, полицијата во Ванкувер соопшти дека верува оти инцидентот за време на уличниот фестивал во тој град не бил терористички чин.

„Во овој момент, уверени сме дека овој инцидент не е терористички чин“, се вели во соопштението на полицијата во Ванкувер објавено на платформата Икс.

Утрово полицијата соопшти дека неколку лица загинале на уличниот фестивал кога возило се забило во посетителите, а дека неколку други се повредени, без да го прецизира точниот број на жртви.

Во соопштението се наведува дека полицијата на местото на настанот уапсила 30-годишен жител на градот.

Вршителот на должноста шеф на полицијата во Ванкувер, Стив Раи, изјави дека 30-годишниот осомничен е уапсен на местото на настанот и дека во инцидентот учествувале „еден осомничен и едно возило“.

Инцидентот се случи синоќа во близина на улицата „Фрејзер“ и Источна 41-ва авенија, објави канадската мрежа Си-Би-Си. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk