logo
logo
logo

Венецуелски судија издаде налог за апсење на опозицискиот кандидат Едмундо Гонзалес

Vecer | 03.09.2024

Венецуелски судија издаде налог за апсење на опозицискиот кандидат Едмундо Гонзалес

Налогот е издаден од судија кој води случаи поврзани со тероризам, на барање на Обвинителството. Овој потег следи по немирите предизвикани од оспорените претседателски избори во Венецуела.

Претходно, венецуелското обвинителство објави дека против Едмундо Гонзалес и опозицискиот лидер Марија Корина Мачадо се водат истраги по обвиненија за узурпација на службена позиција и поттикнување на бунт.

Централната изборна комисија, лојална на владата, го прогласи Николас Мадуро, кој е на власт од 2013 година, за победник на претседателските избори на 28 јули. Сепак, комисијата сѐ уште не ги објавила деталните резултати.

Опозицијата ја обвинува владата за изборни измами и тврди дека Гонзалес ги добил изборите.

Неколку држави, меѓу кои САД, Перу, Аргентина, Еквадор, Панама, Уругвај и Костарика, го признаа Гонзалес како вистинскиот победник, укажувајќи на изборни измами. ЕУ и Организацијата на американските држави истого доведоа во прашање изборните резултати./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk