logo
logo
logo

Велика Британија, Канада и Австралија ја признаа Палестина како суверена држава

Vecer | 21.09.2025

Велика Британија, Канада и Австралија ја признаа Палестина како суверена држава

Британскиот премиер Кир Стармер ја објави одлуката преку видео порака.

- Соочени со растечкиот терор на Блискиот Исток, дејствуваме за да ја одржиме жива можноста за мир и решение за две држави. Тоа значи безбеден и сигурен Израел покрај одржлива палестинска држава - а во моментов немаме ниту едното ниту другото, наведе Стармер, додаваќи дека моментот за признавање на палестинската државност „е дојден сега“.

Речиси истовремено, палестинската државата ја признаа и Канада и Австралија.

Канадскиот премиер Марк Карни соопшти дека Канада  официјално ја признава dржавата Палестина и го прави тоа со меѓународни партнери за да ја зачува перспективата за решение со две држави.

- Во текот на многу децении, посветеноста на Канада кон [решение со две држави] се темелеше на очекувањето дека овој исход на крајот ќе се постигне како дел од договорено решение. Сепак, таа можност „постојано и сериозно еродира[e“ од неколку случувања, вклучувајќи го нападот предводен од Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, резолуцијата на израелскиот парламент со која се поддржува анексијата на окупираниот Западен Брег и ограничувањата на израелската влада за хуманитарна помош, се наведува во изјавата на Карни.

Австралискиот премиер Ентони Албанезе, пак, соопшти дека Канбера им придружува на Лондот и Орава во донесувањето на оваа историска одлука. 

- Австралија ги признава легитимните и долгогодишни аспирации на народот на Палестина за сопствена држава. Денешниот чин на признавање ја одразува долгогодишната посветеност на Австралија на решение со две држави, кое отсекогаш било единствениот пат кон траен мир и безбедност за израелскиот и палестинскиот народ, истакнува Албанезе.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk