Договорот би вклучувал префрлање на контролата врз архипелагот на Маврициус, со продолжување на користење на американско-британската воена база на островот Диего Гарсија преку долгорочен закуп.
Британските власти изјавија дека ќе продолжат со преговорите со САД и со Маврициус, тврдејќи дека поддршката на САД е од суштинско значење за спроведување на договорот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата