logo
logo
logo

„Вашингтон пост“: Пентагон поделен околу стратегијата, жени генерали остануваат без функции

Vecer | 30.09.2025

„Вашингтон пост“: Пентагон поделен околу стратегијата, жени генерали остануваат без функции

 Според весникот, повеќе високи функционери на Пентагон отворено изразуваат сомнеж во вредноста на документот, опишувајќи го како „кратковид“ и недоволно прилагоден на денешните глобални предизвици.

Дел од експертите кои учествувале во подготовката сметаат дека стратегијата ги игнорира непредвидливиот и често контрадикторен пристап на актуелниот претседател кон меѓународните прашања, што ја доведува во прашање практичната употребливост на документот. Посебна загриженост предизвикува оценката дека стратегијата е премногу насочена кон внатрешните безбедносни предизвици, додека глобалните ризици – вклучително и севкупната воена модернизација на Кина – се сведуваат речиси исклучиво на проблемот со Тајван.

Според два неименувани извора, реториката на документот е изразито партиска, со тенденција вината за слабеењето на американската армија да ја префрли врз претходната администрација на Џо Бајден. Во исто време, медиумите објавија дека Пентагон донел одлука за набавка на нови ракети во контекст на потенцијален судир со Кина.

Плановите на министерот за одбрана Пит Хегсет за реорганизација на вооружените сили, исто така, предизвикуваат несогласувања. Се очекува мерките да опфатат околу 800 генерали и адмирали кои во моментов извршуваат клучни командни функции. Според „Вашингтон пост“, во досегашните кадровски промени „несразмерно голем број“ жени останале без позиции, што отвори дополнителни прашања за праведноста и легитимноста на новата политика. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk