logo
logo
logo

„ВАКЦИНИТЕ НЕ СЕ ДЕЛАТ КАКО ТРЕБА“ - 5 членки на ЕУ бараат итен самит

Vecer | 13.03.2021

„ВАКЦИНИТЕ НЕ СЕ ДЕЛАТ КАКО ТРЕБА“ - 5 членки на ЕУ бараат итен самит

Пет премиери на Европската унија, вклучително и австрискиот канцелар Себастијан Курц и чешкиот премиер Андреј Бабиш, преку писмо до официјалните претставници на ЕУ побараа да се свика итен самит поради несоодветна дистрибуција на вакцините против коронавирусот.

„Ако овој систем продолжи, ќе има огромни разлики меѓу земјите-членки до летото и тој ќе се продлабочи. Некои ќе достигнат колективен имунитет за неколку недели, додека други ќе заостанат“, стои во писмото до претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Потписници на  барањето се  премиерите на Австрија, Чешка, Словенија, Бугарија и Летонија.

Тие бараат да се организира самит и да се договори поправедна дистрибуција на нарачаните вакцини, така што сите членки на ЕУ да можат да ги постигнат своите програми и цели за вакцинирање на населението во вториот квартал од оваа година и да ги примат вакцините праведно.

Тие посочија дека некои земји имаат повеќе вакцини, меѓу другото, благодарение на одделните договори со производителите на вакцини.

„Се согласувам со Себастијан Курц дека испораката на вакцини во ЕУ мора да биде еднаква и фер. Додека не постигнеме минимална имунизација неопходна за запирање на вирусот, тие мора да бидат поделени меѓу земјите-членки според популацијата", рече премиерот Бабиш на Твитер.

Чешкиот премиер додаде дека вакцините, засновани на одделни договори на одделни земји, треба да ја чекаат втората половина на годината.

Вчера австрискиот канцелар Курц побара на прес-конференција да се утврди кој ги потпишал тие одделни договори за дополнителни набавки, бидејќи, на пример, Малта ќе добие трипати повеќе дози по глава на жител од Бугарија до летото, а Холандија двојно повеќе од Хрватска.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk