logo
logo
logo

ВАКЦИНАЦИЈА ВО ЕВРОПА: Која земја е лидер на мапата, а кои на дното?

Vecer | 26.05.2021

ВАКЦИНАЦИЈА ВО ЕВРОПА: Која земја е лидер на мапата, а кои на дното?

Помина речиси половина година од почетокот на имунизацијата против коронавирус во Европа, но ниту една земја не успеа да вакцинира повеќе од 40% од населението со обете дози.

Aнализата на Нова.рс, покажува дека во Европа со вакцинацијата најдобро напредуваше Унгарија, каде што 30 проценти од населението примило две дози.

Земјата е прва во ЕУ која започна да ја користи руската вакцина „Спутник В“, иако Европската агенција за лекови (ЕМА) сè уште не го одобрила тоа.

Во текот на минатата недела, во просек дневно се давале по 94 393 дози, а покрај „Спутник“ се нудат и „Синофарм“, „Астра Зенека“, „Модерна“, „Фајзер“, но и малку познатата вакцина од кинескиот производител „CanSino Biologics“. Србија е во иста група со Унгарија, и е обоена на мапата со зелена боја, што значи дека се имунизирани над 20 отсто од жителите.

Друг добар пример за имунизација во Европа е Данска, која, за разлика од Унгарија, има само две вакцини што се нудат –„Фајзер“ и „Модерна“. Оваа земја вакцинираше повеќе од 5,8 милиони луѓе, што значи дека вкупно 20 проценти од Данците се имунизирани, а 31,3 проценти ја примиле првата доза.

БиХ, Северна Македонија, Молдавија и Украина, имаат мал процент на вакцинирани, затоа што ниту една од овие земји не го надмина прагот од пет проценти вакцинирани, а на самото дно на табелата е Украина, каде што 2,2 проценти од популацијата примија една доза, а само 0,2 проценти беа целосно вакцинирани. Нешто подобра е Босна и Херцеговина, која достигна еден процент целосно имунизирана и Северна Македонија со 1,8 проценти.

Во Италија се дадени 30.900.385 дози вакцини, а резултатот за имунизација изгледа вака: 35 отсто од граѓаните ја примиле првата доза, а 16,9 осто и двете. Шпанија, која има 3.636.453 пријавени случаи, има скоро ист резултат кога станува збор за вакцинација како и Италија – 34,7 отсто граѓани ја примија првата доза, а 16,7 двете.

Во Шведска двете дози ги примиле 10,8 отсто од населението, а една доза од дури 33,4 отсто. Во Грција вакцинирани се 16,7 проценти од населението, а првата доза ја примиле 33 отсто.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk