logo
logo
logo

Вадефул: Ниту една членка на НАТО нема да се справи сама со хибридните напади

Vecer | 29.09.2025

Вадефул: Ниту една членка на НАТО нема да се справи сама со хибридните напади

-Русија сака да ја тестира нашата решителност и да предизвика немири. Ова е опасно и мора да се одговори јасно и единствено, рече Вадефул на прес-конференција во Варшава, каде што зборуваше заедно со неговите полски и француски колеги Радослав Сикорски и Жан-Ноел Баро, јавија британските медиуми.

НАТО ќе го заштити секој сантиметар од територијата на нашиот сојуз, ниту една земја-членка нема да биде оставена сама да се справи со овие закани, додаде тој.

Алијансата во текот на овој месец ја започна мисијата Источна гарда за зајакнување на одбраната на источниот крило на Европа, одговарајќи на упадите на руските беспилотни летала во полскиот воздушен простор.

Во Данска во текот на минатата недела неколку беспилотни летала се урнаа во близина на аеродромот и важната инфраструктура во Копенхаген, што го затвори најпрометниот аеродром во нордискиот регион неколку часа.

Русија ги негираше обвинувањата дека нејзини беспилотни летала и борбени авиони го нарушиле воздушниот простор на земјите од НАТО.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk