logo
logo
logo

Уште летово бесплатно во Венеција, ПОСЛЕ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ВЛЕЗ

Vecer | 27.05.2022

Уште летово бесплатно во Венеција, ПОСЛЕ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ВЛЕЗ

Венеција го одложува воведувањето на туристичката такса за дневните посетители до почетокот на 2023 година.

Имаше најави дека влезот на посетителите ќе им се наплаќа од јуни оваа година, а градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро, во април изјави дека тоа е вистинскиот потег, пишува TravelDaily.

Како што тогаш изјави - тоа е вистинскиот начин да се избегнат гужвите во градот и да се води усогласен туризам.

„Ќе бидеме првите во светот што ќе го спроведеме овој тежок експеримент“, додаде Бруњаро по тој повод.

Сепак, Градскиот совет на Венеција објави дека апликацијата за резервации и системот за онлајн плаќање ќе почнат да работат во јануари 2023 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk