logo
logo
logo

Бела куќа: Илон Маск е советник на Трамп, не го води тимот за ефикасност на владата

Vecer | 19.02.2025

Бела куќа: Илон Маск е советник на Трамп, не го води тимот за ефикасност на владата

Разјаснувањето на улогата на Маск може да се покаже како клучно во правната битка околу пристапот на агенцијата до владините податоци, бидејќи администрацијата на Трамп се обидува да отпушти илјадници федерални вработени.

Назначувањето на него како советник, наместо некој задолжен за секојдневните операции во министерството, би можело да и помогне на владата да се избори со тужбата во која се тврди дека Маск има премногу моќ за некој што не бил избран или потврден од американскиот Сенат, јавија американски медиуми.

Соопштенеито од Белата куќа синоќа е во врска со обидите на администрацијата на Трамп да одбие тужба од неколку американски држави, главно наклонети кон демократите, со која се сака да биде блокиран Маск и тимот за владина ефикасност да пристапат до владините податоци и системи.

Тужителите тврдат дека Маск покажува „практично неконтролирана моќ“ со што го прекршува Уставот на САД. Од друга страна, администрацијата на Трамп тврди дека Маск „нема вистински овластувања сам да носи владини одлуки“. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk