logo
logo
logo

Унгарија СО ГОРИВО ЌЕ ЈА СПАСУВА Австрија

Vecer | 13.06.2022

Унгарија СО ГОРИВО ЌЕ ЈА СПАСУВА Австрија

Унгарија ги стави на располагање своите резерви на гориво за да обезбеди снабдување во соседна Австрија.

Ова се случи по механички инцидент во рафинеријата Швехат на ОМВ, во близина на Виена, при што беше оштетена главната фабрика за дестилација на сурова нафта.

Поради инцидентот, ОМВ мораше да го одложи рестартирањето на рафинеријата Швехат, која беше во поправка од 19 април, што укажуваше на проблеми со снабдувањето.

Прво, австриската влада ги ослободи своите стратешки резерви на гориво за да обезбеди снабдување во Австрија.

ОМВ потоа го засили производството во своите други рафинерии, како што се Бургаузен во јужна Германија и Петробрази во Романија, кои привремено ќе доставуваат поголеми количини гориво на австрискиот пазар.

Засега е неизвесно колку ќе траат поправките во Швехат.

Поради можни проблеми со снабдувањето со керозин, аеродромот во Виена апелираше до сите авиокомпании кои слетуваат во Виена да не точат керозин, туку тоа да го прават на други дестинации.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk