Од Унгарија пристигна нов предлог за тоа каде би можеле да се одржат нови мировни преговори.
Унгарските власти понудија мировни преговори во Будимпешта со цел да се реши ситуацијата со учество на Русија.
Ова го изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во интервју објавено во четвртокот за весникот Паис, пренесоа руските агенции.
„Премиерот понуди да Будимпешта да биде домаќин на мировните преговори“, додаде министерот за надворешни работи.
„Не сакаме унгарско-украинската граница да стане место за испорака на оружје“, додаде Сијарто.
„Нема да испраќаме, ниту да дозволиме минување на оружје“, заклучи тој.
Од почетокот на војната во Украина, имаше неколку предлози каде би можело да се одржат мировни преговори.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата