Друг украински функционер изјави дека украинската армија пукала со артилерија врз севернокорејските војници во руската погранична област Курск.
Коментарите беа првите официјални извештаи дека украинските и севернокорејските сили се судриле.
„Севернокорејските војници беа измешани со руските војници и беа погрешно идентификувани на нивните униформи. Затоа е тешко да се каже дали има жртви од Северна Кореја“, рече тој.
Умеров рече дека очекува пет севернокорејски единици, секоја со околу 3.000 војници, да бидат распоредени во регионот Курск.
Андриј Коваленко, шеф на одделот за контрадезинформации во Советот за безбедност на Украина, рече дека „првите севернокорејски војници веќе се гранатирани во регионот Курск“.
Проценките на американските, јужнокорејските и украинските разузнавачки служби велат дека Пјонгјанг испраќа околу 12.000 севернокорејски војници на фронтот.
Пентагон вчера објави дека најмалку 10.000 севернокорејски војници се наоѓаат во Русија во близина на украинската граница.
Севернокорејските војници, чија борбена ефикасност е сомнителна, а борбеното искуство непознато, придонесуваат за влошување на украинската ситуација на бојното поле.
Во моментов, украинската армија, особено во источниот регион на Доњецк, попушта под притисокот на рускиот напад.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата