„За време на уште еден руски воздушен напад врз регионот на Киев, припадниците на Националната гарда со прецизен оган од митралез успешно уништија непријателски дрон“, се вели во денешното соопштение, кое го пренесе Униан.
Во соопштението се наведува и дека акциите на армијата за заштита на воздушниот простор над Киев „овозможија уништување на рускиот дрон без загуби на животи“, и без последици по објектите на теренот.
На социјалната мрежа Х, поранешна Твитер, е објавено видео од соборувањето на дронот. Најверојатно се работи за ирански дрон од типот „Шахид 136“.
A mobile air defense group successfully engaged and destroyed Russian “Shahed-136” kamikaze drones using machine gun fire during recent airstrikes. pic.twitter.com/rnSzwck4MQ
— Mila.Alien 🇺🇦 (@mila__alien) November 2, 2024
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата