logo
logo
logo

Украинка е осудена на 14 години затвор за велепредавство

Vecer | 13.12.2024

Украинка е осудена на 14 години затвор за велепредавство

„Жителката на Киев која напиша писмо до рускиот амбасадор во ОН за нејзината поддршка за (руската) „специјална операција“ е осудена на 14 години затвор за велепредавство“, објави обвинителството на Телеграм.

Рускиот амбасадор Василиј Небезија го спомена писмото во говорот на 28 февруари 2022 година, за да ја оправда руската инвазија на Украина која започна четири дена порано.

Според обвинителството, обвинетата, поттикната од руското разузнавање, „напишала дека украинскиот народ ја поддржува таканаречената специјална операција на Руската Федерација во Украина, дека во Украина започнале грабежи, убиства и силувања и дека политичарите официјално се повикуваат за „убиство на Русите““.

На почетокот на инвазијата, Русија тврдеше дека сака да ги заштити граѓаните што зборуваат руски во Украина и да ја демилитаризира и денацизира земјата.

Од почетокот на руската инвазија, Киев обвини стотици луѓе за соработка со Русија, првенствено оние кои предавале воени информации до руската армија и официјални лица на окупираните територии кои отишле да работат за властите инсталирани од Москва.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk