logo
logo
logo

Украина ископа 400 км противтенковски ровови на границата со Русија

Vecer | 05.05.2021

Украина ископа 400 км противтенковски ровови на границата со Русија


Украина ископа околу 400 км противтенковски ровови на границата со Русија во рамките на проектот „Ѕид“,  изјави Сергеј Деинеко, кој е на чело на државната служба за гранична стража, пренесува украинската новинска агенција РБЦ.

„Од моментот кога почна проектот ‘Ѕид’, изградени се околу 400 км противтенковски ровови, 330 км паралелни патишта, поставена е 70 км бодликава жица и челична ограда долга 100 км“, рече Деинеко.

Првично, трошоците за проектот се проценуваа на околу 143 милиони долари. Буџетот на крај беше скратен на околу 90 милиони долари.

Деинеко рече дека работата на утврдувањето во регионот Харков е при крај, а во тек е во регионот Чернигов. Во регионот Суми се во тек проекти и истражувачки работи, но инженерските работи таму сè уште не се почнати.

Поранешниот украински премиер Арсениј Јаценјук го претстави проектот „Ѕид“ во 2014 година како линија на утврдувања на границата со Русија во должина од 2.000 км. Првично, проектот требаше да се заврши во рок од шест месеци, но потоа беше продолжен до 2018 година, до 2021 година и, на крај, до 2025 година.

Во март 2016 година украинското Национално биро за борба против корупција почна кривична постапка за околу 623.000 долари украдени од буџетот на проектот. Во 2017 година беа уапсени осуммина осомничени вклучени во корупциската шема.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk