Неименуваниот млад човек, за кого се знае дека има само 29 години, пред камерата раскажал како по наредба дошол во Москва и ја подготвил ликвидацијата на Кирилов.
"Дојдов во Москва по налог на украинските специјалци. Кога пристигнав купив електричен скутер, а по неколку месеци пристигнаа компонентите за експлозивна направа. Ги презедов", рекол младиот човек кој е осомничен за убиството на Игор Кирилов и неговиот помошник пред зграда во Москва.
Младиот човек раскажал како „склопил сѐ“ и како ја поставил експлозивната направа на влезот од зградата во која живеел Игор Кирилов.
„Кога излезе, го притиснав копчето. Зошто го направив тоа? Ми понудија 100.000 американски долари и ЕУ пасош“, тврди младиот човек на видеото.
‼️ BREAKING: Russian FSB published a video of the interrogation of 29-year-old Uzbek citizen Kurbonov Akhmajon Alijon Ugly. He is suspected of killing General Kirillov yesterday in Moscow
— NEXTA (@nexta_tv) December 18, 2024
As NEXTA previously reported, Igor Kirillov, head of the Russian Radiation, Chemical and… pic.twitter.com/VVjxo4C75i
Неговото сведочење целосно не се совпаѓа со изјавата на ФСБ, во која се наведува дека осомничениот изнајмил автомобил во кој поставил Wi-Fi камера, за да можат директорите да следат кога Игор Кирилов влегува и излегува од зградата. Според таа изјава, директорите го притиснале копчето кога на видеото во живо виделе дека Кирилов излегува од влезот ...
Да потсетиме дека Игор Кирилов беше убиен во 6:12 часот на 17 декември пред неговата зграда во Москва. Со него починал и неговиот помошник Илија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата