logo
logo
logo

Убава водителка му ја одзема пушката на војник- сцената од Сеул го обиколи светот (ВИДЕО)

Vecer | 04.12.2024

Убава водителка му ја одзема пушката на војник- сцената од Сеул го обиколи светот (ВИДЕО)

Видеото кое брзо стана вирално на интернет, прикажува жена во темна јакна како се бори со војник поради оружје. Таа со сета сила му ја зграпчила пушката, а потоа настанала жестока кавга, која траела неколку секунди. Во еден момент војникот ја вперил пушката кон жената.

„Пушти ме да одам“, му вика таа на војникот додека околната толпа гледа и потоа ги разделува. Додека војникот заминува, жената вика по него: „Не ти е непријатно“.

По овој инцидент, Ан проговори на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук каде напиша: „Ниту една моќ не може да ги победи луѓето“. Клипот, наводно, бил прегледан повеќе од 7 милиони пати до денеска попладне.

Си-Ен-Ен побара коментар од Ан и Демократската партија.

Да потсетиме, претседателот на Јужна Кореја ја шокира вчера земјата кога за прв пат по речиси 50 години прогласи вонредна состојба. Сега на маса е можен импичмент.

Во драстичната одлука на Џун Сук Јол, објавена во ноќен ТВ пренос, се споменуваат „антидржавните сили“ и заканата од Северна Кореја, но набрзо стана јасно дека тоа не е поттикнато од надворешни закани, туку од неговите сопствени очајни политички неволји.

Сепак, тоа поттикна илјадници луѓе да се соберат во парламентот во знак на протест, бидејќи опозициските пратеници побрзаа таму за да извршат итно гласање за укинување на мерката.

Поразен, Јол се појави неколку часа подоцна за да го прифати гласањето на парламентот и да ја укине вонредната состојба. Сега тој се соочува со можност за импичмент, па дури и исклучување од сопствената партија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk