logo
logo
logo

Убава вест: Одобрена уште една вакцина против коронавирусот

Vecer | 27.02.2021

Убава вест: Одобрена уште една вакцина против коронавирусот

Вакцината на производителот „Џонсон и Џонсон“ е одобрена и наскоро ќе може масовно да се произведува и дистрибуира низ светот.

– Советниците за вакцини во Американската агенција за храна и лекови (ФДА) вчера ја одобрија употребата на вакцината на Џонсон и Џонсон против коронавирусот - јави Си-Ен-Ен.

ФДА и Комитетот за биолошки производи јавно гласаа за одобрување на вакцината за итни случаи за лица постари од 18 години.

Оваа вакцина има пошироко дејство, односно создава имунитет и на новодетектираните соеви. За разлика од другите американски вакцини против КОВИД-19, од оваа е потребна само една доза и може да се чува во обичен медицински ладилник при транспорт.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk