logo
logo
logo

Уапсени се пет лица осомничени за обид за атентат врз претседателот на Бразил

Vecer | 19.11.2024

Уапсени се пет лица осомничени за обид за атентат врз претседателот на Бразил

Бразилската полиција денеска уапси пет лица осомничени за вмешаност во обид за државен удар, во кој планирале да ги убијат тогаш новоизбраниот претседател Луис Ињасио Лула да Силва и неговиот потпретседател Џералдо Алкмин, пред да стапат на должност.

„Идентификуван е деталниот оперативен план под име ‘Жолто-зелен бодеж’, кој требаше да се изврши на 15 декември 2022 година, со цел убиство на избраните кандидати за претседател и потпретседател,“ соопшти полицијата.

Федерални полициски службеници денеска извршија пет налози за апсење, како и три за претрес и заплена, и уште 15 превентивни мерки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk