logo
logo
logo

Уапсен е човекот, кој пред седиштето на ОН во Њујорк си впери сачмарка во главата (ВИДЕО)

Vecer | 03.12.2021

Уапсен е човекот, кој пред седиштето на ОН во Њујорк си впери сачмарка во главата (ВИДЕО)

Во директен телевизиски пренос, човекот и` се предаде на полицијата пред оградата што го опкружува комплексот на ОН на источната страна на Њујорк.

„Лицето е приведено и нема опасност по граѓаните“, соопшти полицијата на Твитер.

Седиштето на ОН, поради вооружениот маж кој се чини дека има шеесетина години, беше привремено под полициски кордон, а сообраќајот беше прекинат во тој дел од градот.

„Немаме апсолутно никакви индикации дека ова лице е сегашен или поранешен вработен во ОН или дека е поврзан на кој било начин со организацијата“, рече портпаролот на ОН Стефан Дујарик.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk