logo
logo
logo

Турција свикува итен состанок на Организацијата за исламска соработка поради планот на Израел за окупирање на Газа

Vecer | 09.08.2025

Турција свикува итен состанок на Организацијата за исламска соработка поради планот на Израел за окупирање на Газа

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денеска за време на посетата на Египет рече дека неговата земја свикува итен состанок на Организацијата за исламска соработка поради плановите на Израел за целосна окупација на Газа, објави „Туркије Тудеј“.

На средбата со својот египетски колега Бадр Абделати во Ел Аламеин, Фидан рече дека како претседател на Советот на министри за надворешни работи на Организацијата за исламска соработка, одлучиле да свикаат состанок.

Турскиот министер за надворешни работи остро ги критикуваше намерите на Израел и рече дека „овој план е нова фаза во експанзионистичката и геноцидна политика на Израел“.

Од своја страна, Абделати потврди дека „хуманитарната катастрофа во Газа“ била главна тема на неговиот разговор со Фидан и додаде дека Египет и Турција се обединети во осудата на окупацијата и проширувањето на израелската контрола во Газа.

Двајцата министри објавија дека ќе започнат координативни напори со арапските земји за да се одржи итна седница на Советот за безбедност посветен на случувањата во Појасот Газа.

Фидан соопшти дека Турција досега доставила 102 тони хуманитарна помош за Палестинците во Газа, заблагодарувајќи му се на Египет за соработката во спроведувањето на хуманитарните испораки. Двете земји ја потврдија својата поддршка за воспоставување независна палестинска држава во границите од 1967 година. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk