logo
logo
logo

Турција: По земјотресот изутрината имаше уште 30 потреси, нема жртви и повредени

Vecer | 16.10.2024

Турција: По земјотресот изутрината имаше уште 30 потреси, нема жртви и повредени

Агенцијата за справување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) во Турција соопшти дека по земјотресот со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала, што изутрината го погоди источниот дел на државата, имало уште 30 потреси со интензитет од 1,2 до 3 степени, но дека во земјотресот нема жртви и повредени, јавија турските медиуми.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Малатија.

Гувернерот на тој град, Седар Јавуз изјави дека неколку згради се многу оштетени, но нема жртви./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk