logo
logo
logo

Турција ќе ги прогласи американскиот и 9 други амбасадори за „персона нон грата“ по повикот за ослободување на затворениот опозиционер

Vecer | 23.10.2021

Турција ќе ги прогласи американскиот и 9 други амбасадори за „персона нон грата“ по повикот за ослободување на затворениот опозиционер

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека му наложил на министерот за надворешни работи да  прогласи 10 амбасадори, вклучително и оној од Вашингтон, за „персона нон грата“ поради изјавата во која се бара ослободување на затворената опозициска личност.

„Му ги дадов потребните инструкции на нашиот министер за надворешни работи, реков да се справите со отказот на 10-те амбасадори што е можно поскоро“, рече Ердоган.

Бесната реакција беше поттикната од заедничката изјава, објавена од 10-те амбасадори претходно оваа недела. Амбасадорите побараа брзо и праведно решавање на случајот со Осман Кавала – турски бизнисмен и филантроп кој се наоѓа во затвор без осуда од крајот на 2017 година. Кавала се соочува со голем број обвиненија, вклучително и наводно финансирање на протестите против Ердоган и учество во неуспешниот пуч во 2016 година.

Во вторникот, претставниците на Германија, Канада, Данска, Финска, Франција, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Шведска и САД беа повикани во турското Министерство за надворешни работи поради нивната „неодговорна“ изјава и „политизирање [на] случајот Кавала“.

Заедничката изјава беше објавена по повод четвртата годишнина од првото апсење на Кавала. На бизнисменот веќе му беше судено и два пати беше ослободен по обвиненијата поврзани со немирите во паркот Гези во 2013 година и неуспешниот државен удар во 2016 година. Ова, сепак, не му донесе корист на Кавала, бидејќи наредбите за негово ослободување беа поништени со нови обвиненија веднаш по ослободителните пресуди.

Меѓутоа, поддржувачите на Кавала веруваат дека тој е политички затвореник, а цел е неговата работа за човекови права во „сè поавторитарната“ Турција на Ердоган.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk