Хуманитарната организација соопшти дека повеќе од 100.000 спасувачи се распоредени во целата земја и дека над 130 региони се погодени од војната.
Израел и САД наведоа дека од саботата погодиле стотици цели во Иран вклучувајќи места за лансирање ракети, објекти поврзани со нуклеарната програма на Иран, воени штабови и високи членови на политичкото раководство.
Главниот град Техеран вчера повторно беше силно бомбардиран, а иранскиот врховен лидер Али Хамнеи во саботата беше убиен во првиот бран напади.
Израел и САД велат дека офанзивата има цел да се спротивстави на заканата што ја претставуваат ракетните капацитети и нуклеарните програми на Иран, како и да им се овозможи на Иранците можност да ја соборат својата влада.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата