Капетанот на шлеперот повикал итен повик околу 5:45 часот по локално време, соопшти локалната противпожарна служба, додавајќи дека од бродот биле извлечени четири лица, но двајца мажи и една жена загинале, а четвртиот се здобил со полесни повреди.
Бродот потонал откако се судри со реморкерот долг 16 метри кај префектурата Јамагучи. За оваа префектура утринава е издадено предупредување за густа магла. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата