logo
logo
logo

Тројца загинати, четворица повредени во страшното невреме во Романија

Vecer | 23.08.2025

Тројца загинати, четворица повредени во страшното невреме во Романија

Три лица загинале, четворица се повредени, а ветровите соборија повеќе од 240 дрвја во невремето што погоди неколку делови од Романија и предизвика големи штети низ целата земја и главниот град Букурешт, објави денес Генералниот инспекторат за вонредни ситуации.

Според Романскиот генерален инспекторат за вонредни ситуации (IGSU) денес, 73 возила биле оштетени од бурата, додека ветерот ги оштетил покривите на 11 згради, од кои делови од конструкцијата морале да се отстранат.

Во градот Лучени, во округот Аргеш, се урна покривот на една зграда, при што загина едно лице, а други две се повредени, објавува романската Либертатеа.

За да ги предупреди граѓаните, системот RO-Alert емитувал 19 пораки во 14 окрузи и во Букурешт.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk