logo
logo
logo

Тројца повредени во руски напад на Киев

Vecer | 06.04.2025

Тројца повредени во руски напад на Киев

Тие додаваат дека во нападот избувнале неколку пожари.

Во 4 часот утринава е прогласена воздушна тревога низ целата земја поради напад, вклучително и во пограничните области со Полска. Ова ги поттикна властите во Варшава да подигнат воени авиони во воздух за да го заштитат воздушниот простор на земјата-членка на НАТО.

Како резултат на нападот во Киев, пожари горат во најмалку три области, објави градоначалникот Виталиј Кличко на апликацијата Телеграм.

Двајца ранети граѓани во областа Дарницки на источниот брег на реката Днепар се примени во болница на лекување, додаде тој, апелирајќи до луѓето да не ги напуштаат засолништата.

Очевидци изјавија дека во главниот град на Украина се слушнале силни експлозии, кои според нив најверојатно се од активна противвоздушна одбрана.

Засега нема извештаи за удари или штети во западните украински региони, во близина на границата со Полска.

Нападот на Киев утринава се случи откако три лица беа повредени претходно ноќта во руски напад врз градот Николаев.

Вчера во ракетен напад врз украинскиот град Криви Рих загинаа 19 лица, меѓу кои девет деца. Во Украина за денеска е прогласен ден на жалост поради тој ракетен напад, соопшти вицепремиерот на украинската влада за обнова и министер за заедници и територијален развој на Украина, Алексиј Кулеба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk