logo
logo
logo

ОН: Царините на Трамп се погубни за земјите во развој

Vecer | 11.04.2025

ОН: Царините на Трамп се погубни за земјите во развој

Светската трговија би можела да падне меѓу три и седум отсто, а националниот БДП за 0,7 отсто. Земјите во развој ќе бидат најтешко погодени, предупреди Меѓународниот трговски центар (ИТЦ).

- Тоа е огромно, изјави извршната директорка на агенцијата на ОН, Памела Кок-Хамилтон.

- Ако ескалацијата меѓу Кина и САД продолжи, тоа ќе резултира со 80 отсто пад на трговијата меѓу двете земји, а домино ефектот од тоа може да биде катастрофален насекаде, истакна таа.

Глобалните пазари и денеска продолжија да се соочуваат со турбуленции, иако Трамп најави дека го одложува воведувањето царини за сите освен за Кина за 90 дена. Тој, пак, ги зголеми царините за оваа азиска земја на 145 отсто.

Пекинг одговори со контрацарини против САД, кои во моментов изнесуваат 125 проценти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk