logo
logo
logo

Трикратен убиец од САД е егзекутиран со азотна метода, ја преживеал смртоносната инекција

Vecer | 27.09.2024

Трикратен убиец од САД е егзекутиран со азотна метода, ја преживеал смртоносната инекција

Милер се тресел околу две минути, по што следеле околу шест минути напорно дишење при што се борел за воздух, пишува АП.

Смртоносниот метод вклучува поставување на маска за респиратор на лицето и снабдување со чист азот. Недостатокот на кислород предизвикува смрт од задушување.

„Не направив ништо за да бидам овде. Не направив ништо за да бидам осуден на смрт“, наводно им рекол Милер на новинарите пред неговата смрт.

Тој побарал од семејството и пријателите да „чуваат“ некого, но не било јасно чие име кажал.

Неговиот глас повремено го пригушувала маската што му го покривала лицето од челото до брадата.

Милер е погубен поради пукање во 1999 година во кое загинаа тројца негови соработници - Ли Холдбрук, Кристофер Скот Јанси и Тери Џарвис.

Првата егзекуција со азот беше извршена, исто така, во Алабама, во јануари.

Очевидец потоа опишал за АП како изгледала егзекуцијата на 58-годишниот Кенет Смит.

„Смит почна силно да се тресе, да се врти и да се грчи, како да има напад. Ја подигна главата, а потоа падна назад“, се сеќава очевидецот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk