logo
logo
logo

Три лица загинаа во рускиот напад на Херсон

Vecer | 24.10.2025

Три лица загинаа во рускиот напад на Херсон

Една од загинатите жени се наоѓала во минибус во моментот на нападот, наведе обвинителството на Телеграм. Меѓу повредените се 58-годишна жена и 36-годишен маж од минибусот, како и две девојчиња на возраст од 15 и 17 години кои се здобиле со потрес на мозокот и повреди од минска експлозија.

Повредена е и 27-годишна жена, додека 16-годишно момче претрпело потрес на мозокот.

Сите повредени се хоспитализирани или лекувани амбулантски.

Началникот на воената управа на Херсон Александар Прокудин, објави видео од последиците од гранатирањето на станбените населби во округот Корабелни, каде што се оштетени приватни куќи, скршени се балкони и прозорци.

Обвинителство на Херсон покрена прелиминарна истрага за можни воени злосторства во врска со нападот.

Нападот се случил утрово околу 7:30 часот. Според извештаите на Укринформ, во текот на изминатиот ден во Херсонската област загинале две лица, а девет се повредени како последица на руски напади.

Три лица се повредени и во Харков во напад на руските сили денеска, околу 11:00 часот, соопшти градоначалникот Игор Терехов.

- Индустрискиот округ на Харков е нападнат од два КАБ-а. Информациите за последиците се разјаснуваат, наведе Терехов на Телеграм и додаде дека во градот се слушнале најмалку две експлозии, а подоцна следеле нови детонации.

Тој додаде дека нападите го погодиле и индустрискиот кварт, при што е оштетено цивилно претпријатие, неколку автомобили, а избувнал и пожар. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk