logo
logo
logo

Трамп збесна зашто на неговата инаугурација знамињата ќе бидат на половина копје

Vecer | 04.01.2025

Трамп збесна зашто на неговата инаугурација знамињата ќе бидат на половина копје

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се спротивстави американските знамиња да бидат спуштени на половина копје на неговата инаугурација на 20 јануари, како што е вообичаено еден месец во чест на покојниот поранешен претседател Џими Картер.

Претседателот Џо Бајден нареди знамињата да се спуштат на половина копје 30 дена по смртта на Картер на 29 декември, што е вообичаено кога ќе умре американски претседател.

Трамп, кој рече дека планира да присуствува на комеморацијата на Картер во Вашингтон на 9 јануари, го оспори тоа во објава на Truth Social.

„Сите демократи се „екстатични“ што нашето славно американско знаме ќе биде на половина копје за време на мојата инаугурација“, рече тој.

„Тие мислат дека тоа е толку прекрасно и тие се толку среќни поради тоа бидејќи навистина не ја сакаат нашата земја, тие само мислат на себе“, додаде тој.

Трамп истакна дека поради смртта на Картер минатата недела, американското знаме „ќе биде спуштено на половина копје за прв пат во историјата за време на инаугурацијата на иден претседател“.

„Никој не го сака тоа и ниту еден Американец не може да биде среќен поради тоа. Ќе видиме како ќе испадне“, рече тој.

Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер рече дека Белата куќа нема намера да ја преиспита одлуката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk