logo
logo
logo

Трамп замина за Кина со авион полн со милијардери и директори (ФОТО)

Vecer | 13.05.2026

Трамп замина за Кина со авион полн со милијардери и директори (ФОТО)

Портпаролката на Белата куќа потврди дека Маск се качил на претседателскиот авион „Ер Форс Уан“, кој полетал за Пекинг, пишува „Ројтерс“.

Најбогатиот човек во светот, кој моментално е во судска постапка со шефот на „ОпенАИ“ во Калифорнија, е дел од групата директори поканети да му се придружат на Трамп.

На списокот на патници се и Тим Кук, кој официјално ќе се повлече од функцијата извршен директор на „Епл“ во септември, и Јенсен Хуанг, шеф на „Нвидија“, еден од најголемите светски добавувачи на чипови за вештачка интелигенција.

Список на други директори во делегацијата

Во придружбата на Трамп се извршниот директор на „Боинг“, Роберт „Кели“ Ортберг, претседателот и извршен директор на „Блекрок“, Лари Финк, претседателот, извршен директор и коосновач на „Блекстоун“, Стивен Шварцман, претседателот и извршен директор на „Каргил“, Брајан Сајкс и претседателката и извршен директор на „Сити“, Џејн Фрејзер. Во делегацијата се и извршниот директор на „Кохерент“, Џим Андерсон, претседателот и извршен директор на „ЏЕ Аероспејс“, Х. Лоренс Калп, претседателот и извршен директор на „Голдман Сакс“, Дејвид Соломон, извршниот директор на „Илумина“, Џејкоб Тејсен, извршниот директор на „Мастеркард“, Мајкл Мибах, претседателката и потпретседателка на „Мета“, Дина Пауел Мекормик, претседателот и извршен директор на „Микрон“, Санџај Мехротра, претседателот и извршен директор на „Квалком“, Кристијано Амон и извршниот директор на „Виза“, Рајан Мекинерни.

Пред да замине за Пекинг, Трамп разговараше со новинарите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk