logo
logo
logo

Трамп во Њујорк ќе се сретне со полскиот претседател Дуда

Vecer | 17.04.2024

Трамп во Њујорк ќе се сретне со полскиот претседател Дуда

 Контроверзниот состанок ќе се одржи во момент додека лидерите на ЕУ се подготвуваат за можноста за враќање на Трамп во Белата куќа и можните последици по НАТО и финансирањето на Украина, која се брани од руската инвазија.

Во соопштението за медиумите советничката на полскиот лидер Малгожата Папрочка изјави дека „денес нема поважен партнер на Полска во меѓународните односи од САД и токму во тој контекст треба да се набљудува овој состанок“.

Дуда долго време го изразува своето воодушевување од Трамп, во еден момент сугерирајќи дека американската воена база во Полска, земја која е еден од најверните сојузници на Америка, може да се нарече „Тврдина Трамп“, иако до тоа никогаш не дојде. Кога Дуда се кандидираше за реизбор во 2020 година, Трамп го угости во Белата куќа, со што му даде поддршка.

Полскиот премиер Доналд Туск, противник на Дуда, го критикуваше претседателот за неговата подготвеност сега да се сретне со Трамп, опишувајќи го состанокот како форма на мешање во изборната кампања во САД. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk