logo
logo
logo

Трамп ветува дека на неговиот прв ден на функцијата ќе стави крај на трансродовиот делириум

Vecer | 23.12.2024

Трамп ветува дека на неговиот прв ден на функцијата ќе стави крај на трансродовиот делириум

Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата претседател на САД за помалку од еден месец, рече дека сака да го запре трансродовиот делириум во САД на првиот ден од неговото претседателствување. Говорејќи пред конзервативните поддржувачи во Феникс, Аризона, Трамп рече дека откако ќе положи заклетва како претседател на 20 јануари, ќе потпише извршни наредби со кои „ќе се стави крај на сексуалното осакатување на децата и ќе се исклучат трансродовите лица од војската и училиштата“.

„Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола - машки и женски“, нагласи тој.  

Трамп, исто така, вети во Феникс дека ќе потпише серија извршни наредби за затворање на границата за илегалните имигранти и запирање на инвазијата што се врши врз САД. На денот на неговата инаугурација, Трамп вети дека ќе ја започне најголемата операција за протерување илегални имигранти во историјата на САД.

„20-ти јануари навистина ќе биде денот на ослободувањето на Америка“, рече Трамп. Тој вети дека ќе стави крај на војната во Украина, ќе го запре хаосот на Блискиот Исток и ќе го спречи избувнувањето на Третата светска војна, но не навлезе во детали за тоа како ќе ги спроведе своите планови. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk