Прелиминарните наоди од истрагата сугерираат дека претседателот Трамп и претставниците на неговата администрација веројатно биле главната цел на напаѓачот на гала – вечерата, организирана за дописничката мрежа од Белата куќа од американскиот претседател Трамп во хотел во Вашингтон.
Armed police rush the stage and secret service move in pic.twitter.com/5XL55Kv2PX
— James Longman (@JamesAALongman) April 26, 2026
Ова во интервју за Ен-Би-Си Њуз го посочи вршителот на должноста државен обвинител, Тод Бланш, потенцирајќи дека ќе траба уште време за да се потврдат ваквите оценки. Неговата изјава се совпаѓа и со веста дека 31-годишниот инженер и наставник од Калифорнија, Кол Томас Ален, непосредно пред нападот испратил таканаречен манифест до своето семејство, во кое најавил дека планира да убие функционери од администрацијата на Трамп. Во манифестот што го објави Њујорк Пост, тој остро ја критикувал американската власт за што чувствувал лична одговорност да реагира. Тој бил сместен во хотелот неколку дена претходно, каде што го подготвувал нападот.
-Осомничениот патувал со воз од Лос Анџелес до Чикаго, а потоа од Чикаго до Вашингтон каде што се сместил во хотелот каде се наоѓа дописничкиот центар.
-Се уште го истражуваме мотивот и тоа нужно ќе потрае неколку дена. Веруваме дека тој ги таргетирал административните службеници во овој обид за напад, но тоа се уште е прелиминарно.
-Се чини дека всушност имал намера да цели кон луѓето што работат во администрацијата, вклучително и претседателот, вели Тод Бланш државен обвинител на САД
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата