logo
logo
logo

Трамп требало да биде мета на нападот во Вашингтон, напаѓачот објавил манифест пред да нападне

Vecer | 27.04.2026

Трамп требало да биде мета на нападот во Вашингтон, напаѓачот објавил манифест пред да нападне

Прелиминарните наоди од истрагата сугерираат дека претседателот Трамп и највисоките функционери од неговата администрација требале да бидат цел на напаѓачот на гала – вечерата, организирана за дописничката мрежа од Белата куќа од американскиот претседател Трамп во хотел во Вашингтон.

 Ова во интервју за Ен-Би-Си Њуз го посочи вршителот на должноста државен обвинител, Тод Бланш, потенцирајќи дека ќе траба уште време за да се потврдат ваквите оценки.

 Неговата изјава се совпаѓа и со веста дека 31-годишниот инженер и наставник од Калифорнија, Кол Томас Ален, непосредно пред нападот испратил таканаречен манифест до своето семејство, во кое најавил дека планира да убие функционери од администрацијата на Трамп.

 Во манифестот што го објави Њујорк Пост, тој остро ја критикувал американската власт за што чувствувал лична одговорност да реагира.

 Истрагата потврди дека тој бил сместен во хотелот неколку дена претходно, каде што го подготвувал нападот..

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk