logo
logo
logo

Трамп: Русија сака да стави крај, но може и да завлекуваат

Vecer | 26.03.2025

Трамп: Русија сака да стави крај, но може и да завлекуваат

-Мислам дека Русија сака да стави крај на тоа, но тие може и да завлекуваат, рече Трамп синоќа во интервју за „Њузмакс“, додавајќи дека за време на неговата бизнис кариера тој самиот „го правел тоа со години“.

Тој наведе дека мисли дека Русија сепак би сакала да заврши конфликтот во Украина, а и украинскиот претседател Володимир Зеленски би сакал војната да заврши во овој момент.

Трамп за време на интервјуто особено го истакна фактот дека во просек на двете страни секоја недела гинат вкупно 2.500 војници и дека без разлика што „не се работи за Американци“ сака конфликтот да заврши што е можно поскоро.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk