logo
logo
logo

Трамп со коментар за апсењето на посрамотениот принц Ендрју: Јас на некој начин сум експерт (ВИДЕО)

Vecer | 19.02.2026

Трамп со коментар за апсењето на посрамотениот принц Ендрју: Јас на некој начин сум експерт (ВИДЕО)

На Трамп му беше поставено прашање дали и други во САД би можеле да бидат цел на слични обвиненија како и обесчестениот поранешен принц, кој беше уапсен во врска со скандалот со покојниот милијардер педофил Џефри Епштајн:

„Јас сум експерт на некој начин бидејќи бев целосно ослободен од обвинение, па можам да зборувам за тоа... Тоа е многу тажна работа“, рече Трамп, додавајќи:

„Неговиот брат, кој наскоро доаѓа во нашата земја, кралот... тоа е многу тажна работа“.

Кралот Чарлс III треба да ги посети САД во април.

Зборувајќи за себе, Трамп додаде дека тој е оној „кој може да зборува за тоа“ бидејќи бил „целосно ослободен“ по објавувањето на досиејата на Епштајн.

„Јас не направив ништо“, додаде Трамп.

За потсетување, обесчестениот поранешен принц Ендрју беше уапсен порано денеска и по 12 часа во полициски притвор, тој вечерва беше ослободен од притвор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk