logo
logo
logo

Спасен еден од пилотите на соборениот американски авион Ф-35 над Иран

Vecer | 03.04.2026

Спасен еден од пилотите на соборениот американски авион Ф-35 над Иран

Потрагата и спасувањето на вториот пилот е во тек.

Иранските медиуми објавија видеа на кои се гледа американски авион Ц-130 и два хеликоптери „Блек хок“ ниско летаат над југозападен Иран во потрага по катапултираните пилоти.

Иранската новинска агенција Мехр објави дека еден од американските хеликоптери е соборен.

Претходно, Корпусот на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека соборила два американски авиони ловци, од кој едниот е Ф-35.

Во соопштението се наведува дека американскиот авион-ловец Ф-35 е соборен над централниот дел на Иран и е целосно уништен. Другиот американски авион ловец е погоден јужно од островот Кешм и потоа се урнал „во длабочините на Персиски Залив.

ИРГЦ тврди дека вооружените сили на Иран досега собориле два авиона Ф-35, еден Ф-18, два Ф-16 и четири Ф-15 од почетокот на американско-израелската напад што почна на 28 февруари. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk