Според него, со неговото враќање во Овалната канцеларија, започнала златната ера на Америка, првите 100 дена од неговото владеење ги нарече историски најдобрите, кои го најавуваат само почетокот на она што следи...
-Ова се велат најдобрите стартни 100 дена од било кој претседател во историјата, а само што започнавме, се уште немате ништо видено, ова е само загревање...
-Го сопираме инфлацискиот кошмар, најлошиот кој го имавме веројатно во историјата на нашата земја, woke лудилото и трансџендер лудилото надвор од нашата Влада. Го стопираме индоктринирањето на нашите деца кое трошеше милијарди долари на измами и злоупотреба, а над се го спасуваме „Американскиот сон“, ја правиме Америка повторно голема и тоа се случува многу бргу. Она што го виде светот во изминатите 14 недели е револуција на здравиот разум.- Доналд Трамп – Претседател на САД
Првите 100 дена ги одбележаа бројни одлуки, многу од нив беа оценети како контроверзни.. Најавениот мир во Украина за еден ден не се реализираше, преговорите станаа интензивни и тензични преговори, а најдобро тоа го почуствува претседателот Зеленски во Белата Куќа. Покрај тоа што го побара Гренланд и ги налути Данците, ја побара и Газа, со план да ја направи луксузна ривиера на Блискиот исток. А, рамнодушни не останаа ниту канаѓаните кога говореше за соединување на двете држави. Последните глобални потреси ги предизвикаа високите царини што го „разнишаа“ односот со традиционалните ЕУ партнери – економската војна со Кина, секојдневно зема поголем замав.
Спроед аналитичарите, слични, контроверзни решенија од страна на Трамп се голема веројатност и во остатокот од мандот, кој го започна пред три месеци.
-Согласно неговиот специфичен карактер не би ме изненадило да се обидува да наметне решенија, за да се направи дека тој ги контролира работите или ги води процесите. Ќе биде еден мандат осведочен со едни тензични, заладени односи, кои во момент можат да ескалираат во однос на САД со неговите претходни партнери од ЕУ, Франција, Германија во прв ред. – Благојче Атансовски - Аналитичар
Според Трамп, сите одлуки донеле само бенефит за американците уште во првите 100 дена, од отворање на 350.000 работни места, до заштедување на 100тина милијарди евра. Целта е, како што кажа, САД да биде економска сила број еден.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата