logo
logo
logo

Зеленски: Предлогот за завршување на војната следните денови ќе биде претставен на Москва, а потоа е можен состанок во САД

Vecer | 16.12.2025

Зеленски: Предлогот за завршување на војната следните денови ќе биде претставен на Москва, а потоа е можен состанок во САД

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека предлозите за кои се преговара со американските претставници за завршување на војната би можеле да бидат финализирани во рок од неколку дена, а потоа да бидат претставени на Кремљ, пред евентуален состанок во САД следниот викенд.

Тој за нацрт мировниот план, за кого вчера се разговараше во Берлин, истакна дека „не е совршен“ но оти е „многу изводлив“.

Зеленски предупреди дека некои клучни прашања остануваат нерешени, особено што ќе се случи со украинската територија окупирана од руските сили. Тој претходно изјави дека Киев нема да ја признае власта над кој било дел од Донбас.

- Украина и САД подготвуваат пет документи покрај мировна рамка, од кои неколку се фокусираат на безбедноста, посочи Зеленски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk