Иако, исполнета со куртоазни пораки, традиционални кинески јадења и со многу историја, деталите за најчувствителните прашања како она за Тајван, војната во Иран и трговската царинска војна остануваат докрај непознати. Сепак двајцата лидери беа едногласи дека самитот бил повеќе од успешен.

-Вашата посета може да се нарече пресвртница зашто поставивме нова визија за изградба на конструктивни односи. Се согласивме за многу работи за да ги одржиме стабилни економските врски. , изјави Си Џинпинг, претседател на Кина.

-Склучивме неколку фантастични трговски договори, одлични за двете земји. Решивме многу различни проблеми кои другите луѓе не би можеле да ги решат. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Ниту Трамп, ниту Си не открија какви договори се постигнати. Американскиот претседател многу поотворен беше во интервјуто за Фокс Њуз, каде уверуваше дека од кинескиот колега добил силна поддршка за ставање крај на иранската војна и ветил дека нема да му испраќа оружје на Иран.
-Претседателот Си би сакал да види склучен договор (со Иран). Би сакал да види договор. Тој се понуди и рече: ако можам да бидам од некаква помош, би сакал да помогнам. Тоа го кажа. Да, тоа го кажа. Секој што купува толку нафта, очигледно има некаков однос со него. Тој би сакал да го види Ормускиот теснец отворен. , изјави Трамп во интервју за Фокс Њуз.
Во однос на економијата Трамп соопшти дека Кина се обврзала да купи 200 авиони Боинг од САД, да се снабдува со американска нафта и со земјоделски производи, нешто што Пекинг официјално не го потврдува, но затоа потврди дека на Трамп ќе му испратат семе од кинеските рози кои шефот на белата куќа ги здогледа за време на прошетката низ историскиот комплекс Џонг-нан-хаи.
Ова се најубавите рози што некој некогаш ги видел. Го прашав претседателот: можеш ли да ми даде неколку за во градината? И тој рече да. , рече Трамп.
Посетата на Трамп не ги охрабри берзите, особено по најавите дека Кина ќе купува американски деривати. Цената на нафтата Брент се искачи на 107 долари за барел.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата