logo
logo
logo

Трамп се закани со „целосно уништување“ ако Хамас го одбие неговиот план

Vecer | 05.10.2025

Трамп се закани со „целосно уништување“ ако Хамас го одбие неговиот план

„Целоенсо уништување!“, изјави Трамп за Си-Ен-Ен, одговарајќи на прашање преку СМС-порака за тоа што ќе се случи со планот за прекин на огнот од 20 точки на Белата куќа ако Хамас инсистира да остане на власт.

На прашањето дали израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го поддржува прекинот на бомбардирањето врз Газа и пошироката визија на САД, Трамп одговори: „Да, Биби е за“.

Американскиот претседател вели дека наскоро ќе се знае дали Хамас е навистина посветен на мирот. Тој се надева дека неговиот предлог за прекин на огнот ќе стане реалност и нагласи дека работи напорно за да го постигне тоа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk