logo
logo
logo

Трамп: САД трајно ќе ја запрат имиграцијата од „земјите од третиот свет

Vecer | 28.11.2025

Трамп: САД трајно ќе ја запрат имиграцијата од „земјите од третиот свет

- Трајно ќе ја запрам имиграцијата од сите земји од третиот свет за да му дозволам на американскиот систем целосно да заздрави, објави Трамп на социјалните мрежи.

Тој најави дека неговата администрација ќе ја запре федерална помош и субвенции за лицата кои не се државјани на САД.

Трамп, исто така, се закани дека ќе ги поништи милионите дозволи за странци доделени од администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден и оти ќе „го поништи државјанството на мигрантите кои го поткопуваат домашниот мир и ќе го депортира секој странец кој е товар за општеството, безбедносен ризик или е некомпатибилен со западната цивилизација“.

Изјавите на Трамп уследија откако Авганистанец, кој пристигнал во САД во рамките на програма за преселување на Авганистанци изложени на ризик поради соработка Американците, застрел двајца припадници на Националната гарда, во близина на Белата куќа. Повредената жена почина, а мажот е во сериозна здравствена состојба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk