logo
logo
logo

Трамп: САД соработуваат со Израел со цел да воспостави подобри односи со Сирија

Vecer | 11.11.2025

Трамп: САД соработуваат со Израел со цел да воспостави подобри односи со Сирија

„Луѓето велат дека ал-Шара имал тешко минато. Сите ние сме имале тешко минато“, им рече Трамп на новинарите, осврнувајќи се на сирискиот претседател, кој до неодамна беше на црната листа на терористи на Вашингтон, пренесоа британските медиуми.

Претходно вчера, по средбата меѓу Трамп и Ал-Шара во Вашингтон, Министерството за финансии на САД објави дека САД привремено, во следните 180 дена, го суспендирале спроведувањето на санкциите од „Законот Цезар“ против Сирија.

Министерството за финансии на САД соопшти дека санкциите се суспендирани освен за одредени трансакции поврзани со Русија и Иран.

Оваа одлука го заменува претходното привремено суспендирање на санкциите што беше воведено на 23 мај.

„Законот Цезар“, именуван по сириски воен дезертер кој, според САД, шверцувал фотографии од жртви на тортура под режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, стапи на сила во јуни 2020 година.

Овие санкции беа насочени против режимот на Ал-Асад и сите оние кои соработуваат со него, особено во секторите енергетика, градежната индустрија и финансиите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk