logo
logo
logo

Трамп: САД имаат неограничени резерви на оружје, подготвени сме за голема победа

Vecer | 03.03.2026

Трамп: САД имаат неограничени резерви на оружје, подготвени сме за голема победа

Трамп тврди дека САД се подготвени за долготрајни операции доколку тоа биде потребно.

„Имаме практично неограничени резерви на муниција од средна и повисока средна класа. Војните можат да се водат ’засекогаш‘ и многу успешно користејќи ги само овие ресурси“, порача Трамп, додавајќи дека американското оружје е супериорно во однос на која било друга земја.

Иако призна дека резервите на најсофистицираното, „high-end“ вооружување сè уште не се на посакуваното ниво, тој нагласи дека САД поседуваат значителни резерви распоредени во сојузничките земји ширум светот.

Претседателот на САД исто така го критикува својот претходник Џо Бајден, обвинувајќи го за неконтролирано трошење на државните пари и слабеење на американските воени капацитети со испраќање помош за Украина.

„Поспаниот Џо Бајден му даде сè на П.Т. Барнум (Зеленски!) од Украина – вредност од стотици милијарди долари. Додека го подаруваше нашето најмодерно оружје бесплатно, не се потруди да ги обнови резервите“, напиша Трамп.

И покрај предизвиците на теренот и заканите кои доаѓаат од Иран по убиството на врховниот водач Али Хамнеи, Трамп ја уверува американската јавност дека војската е целосно подготвена.

„За среќа, ја обновив војската во мојот прв мандат и продолжувам да го правам тоа. Соединетите Држави се подготвени за голема победа“, заклучи тој во својата објава. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk