logo
logo
logo

„ЗАСПАНАТА УБАВИЦА ОД ЕВРОПА“ се огласи преку соопштение: Со нетрпение очекувам да продолжи соработката и довербата меѓу Гренланд и Данска

Vecer | 29.03.2025

„ЗАСПАНАТА УБАВИЦА ОД ЕВРОПА“ се огласи преку соопштение: Со нетрпение очекувам да продолжи соработката и довербата меѓу Гренланд и Данска

Данската премиерка Мете Фредериксен ќе го посети Гренланд од 2 до 4 април на разговори со новата влада на полуавтономната територија, изјави таа денеска, поради интересот на САД да ја преземат контролата врз арктичкиот остров.

"Со нетрпение очекувам да ја продолжиме блиската и доверлива соработка меѓу Гренланд и Данска“, се вели во соопштението на Фредериксен.

За време на посетата на американската воена база во северен Гренланд, американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс вчера ја обвини Данска дека не прави добра работа за одржување на безбедноста на островот и сугерираше дека САД треба подобро да го заштитат стратешки лоцираниот остров.

„Ситуацијата бара единство“

Неговите забелешки дојдоа неколку часа откако Гренланд формираше нова широка владина коалиција предводена од Јенс-Фредерик Нилсен, кој ја нарече Данска свој најблизок сојузник.

Фредериксен, којa рече дека народот на Гренланд треба да одлучи за нивната иднина, вчера изјави дека описот на Венс за Данска е неправеден.

„Имам најдлабока почит за тоа како Гренландскиот народ и Гренландските политичари се справуваат со големиот притисок врз Гренланд“, наведе таа во денешното соопштение.

„Ова е ситуација која повикува на единство меѓу политичките партии и земјите во Кралството“, додаде таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk