logo
logo
logo

Трамп: Русија е исклучителна закана за националната безбедност на Америка

Vecer | 06.08.2025

Трамп: Русија е исклучителна закана за националната безбедност на Америка

Трамп ја потпиша извршната наредба во среда наутро како одговор на руската закана. „Добив дополнителни информации од разни високи функционери, меѓу другото, за активностите на Владата на Руската Федерација во врска со ситуацијата во Украина“, се вели во декретот.

„По разгледувањето на овие дополнителни информации, меѓу другото, заклучувам дека вонредната состојба опишана во Извршната наредба 14066 продолжува и дека активностите и политиките на Владата на Руската Федерација продолжуваат да претставуваат невообичаена и вонредна закана за националната безбедност и надворешната политика на Соединетите Американски Држави.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk